Пленарни седници



17 јуни 1999 година

Дваесет и прва седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Информација за односите и соработката на Република Македонија со НАТО;

2. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Фондот за социјален развој при Советот
на Европа по Договорот за заем на Проектот за финансирање на мали и средни претпријатија, заради поттикнување на вработеноста, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за заштита на миграторните видови диви животни, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за заштита на лилјаците во Европа, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за спречување на перење на пари;

6. Предлог за завршна сметка на Буџетот на Републиката за 1998 година;

7. Предлог на одлука за основање на Национална комисија за борба против недозволената трговија со опојни дроги и нивна злоупотреба во Република Македонија;

8. Барање за давање на автентично толкување на член 54 од Законот за локалните избори, поднесено од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија;

9. Барање за давање на автентично толкување на член 12 од Законот за банки и штедилници,поднесено од Народна банка на Република Македонија;

10. Барање за давање на автентично толкување на член 87 став 2 од Законот за семејството, поднесено од министерот за труд и социјална политика;

11. Предлог за избор на судија на Апелациониот суд во Скопје;

12. Предлог за избор на судија на Основниот суд Скопје I - Скопје;

13. Предлог за разрешуаање и избор на судии поротници во Основниот суд во Гостивар;

14. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на Анкетна комисија за испитување на јавните набавки;

15. Предлог на одлука за надоместок на трошоците за избор на пратеници на организаторите на изборната кампања, чии кандидати се избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија;

16. Предлог на одлука за огласување избор на судија на Врховниот суд во Република Македонија;

17. Предлог на одлука за огласување избор на претседател на Апелациониот суд во Битола;

18. Предлог   на   одлука   за   огласување   избор   на   судија на   Основниот   суд   во   Битола;

19. Предлог   на   одлука   за   именување  членови   на   посебна комисија   за   изготвување   Предлог   за   именување   декан   на   Пририродно-математичкиот   факултет   при   Универзитетот   „Св.Кирил   и  Методиј" - Скопје;

20. Предлог   на   одлука   за   именување   членови   на   посебна комисија  за  изготвување Предлог   за   именување декан   на  Техничкиот факултет  при  Универзитетот  „Св.Климент  Охридски" - Битола;

21. Предлог  на одлука  за  избор  на  членови   на  Управниот одбор   на  Јавната   здравствена  организација  Медицински  центар  -  Струмица;

22. Предлог   на  одлука   за  избор  на  членови  на  Управниот одбор  на  Јавната  здравствена организација Здравствен  дом „Пехчево";

23. Предлог  на  одлука   за   избор  на  членови   на  Управниот   одбор на  Јавната   здравствена организација  Здравствен  дом   „Берово";

24. Предлог   на одлука   за  избор   на  членови   на Управниот одбор   на   Јавната   здравствена  организација   Здравствен   дом   „Гоце  Делчев" - Делчево;

25. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Аптека „9 Ноември“ - Велес;

26. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Аптека „30 Ноември“ - Дебар;

27. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствена станица на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“
- Скопје;

28. Предлог  на одлука   за  именување членови  на  посебна комисија  за  изготвување предлог   за  именување  декан  на  Економскиот факултет   во  Прилеп  при  Универзитетот   „Св.Климент  Охридски“ - Битола;

29. Предлог  на  одлука   за   разрешување  и именување  претставници  на  Републиката  во  Советот  на  Факултетот   за  учители  и  воспитувачи - Битола;

30. Предлог  на одлука   за  разрешување  и именување  претставници   на  Републиката  во  Советот   на  Техничкиот  факултет  при  Уни-верзитетот   „Св.Климент  Охридски“ - Битола;

31. Предлог   на  одлука   за   избор  на  членови   на  Управниот  одбор  на  Јавната   здравствена  организација   Завод   за   здравствена заштита - Струмица;

32. Предлог   на   одлука   за   избор   на   членови  на   Управниот одбор   на   Јавната   здравствена  организација   Природно лекувалиште   „Бања  Банско" - Струмица;

33. Предлог   на   одлука   за   избор   на   членови   на   Управниот одбор   на   Јавната   здравствена   организација   Специјална   болница   за ортопедија   и   трауматологија - Охрид;

34.   Предлог   на   одлука   за   утврдување   состав   на   Националната   комисија   за   борба   против   недозволената   трговија   со  опојни дроги   и   нивна   злоупотреба   во   Република   Македонија.

   
   
стенографски белешки 021 седница 17.06.1999 
   
стенографски белешки 021 седница 1 продолжение 18.06.1999
   
стенографски белешки 021 седница 2 продолжение 23.06.1999
   
стенографски белешки 021 седница 3 продолжение 25.06.1999
   
стенографски белешки 021 седница 4 продолжение 22.07.1999

Click