Пленарни седници



14 јули 1999 година

Дваесет и трета седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на закон за изменување на Законот за акцизите;

2. Предлог на закон за данокот на додадена вредност;

3. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за постигнување на оспособеност за 2000-та година, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународното здружение за развој по Договорот за кредит по Проектот за итна социјална помош на Република Македонија, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Фондот за меѓународна соработка и развој на Република Кина, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за економска развојна соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Кина, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Кина за взаемна соработка меѓу нивните царински органи, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Кина за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Кина за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците од доход, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка и взаемна помош во царински работи, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за отворање на два нови меѓународни патни гранични премини помеѓу двете земји, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија за заемно уредување на меѓународниот патен превоз на патници и стока со моторни возила, со Предлог на закон;

14. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за заемна административна помош за спречување, истраги и санкционирање на царински прекршоци меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Италија, со Предлог на закон;

15. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за оценување на влијанијата врз животната средина во прекуграничен контекст, со Предлог на закон;

16. Предлог на одлука за огласување именување јавен обвинител на Основното јавно обвинителство во Куманово;

17. Предлог на одлука за огласување именување заменици јавни обвинители во основните јавни обвинителства во Куманово, Крива Паланка, Берово, Струмица, Штип и Кочани;

18. Предлог на одлука за избор на член на Републичкиот судски совет;

19. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Завод за здравствена заштита - Охрид;

20. Предлог на одлука за огласување именување заменик јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Ресен;

21. Информација за актуелните состојби во Македонската Радио Телевизија.

   
   
стенографски белешки 023 седница  14.07.1999
   
стенографски белешки 023 седница 1 продолжение 15.07.1999
   
стенографски белешки 023 седница 2 продолжение 22.07.1999

Click