28 јули 1999 година
Дваесет и петта седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната трговска банка на Кина;
2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Фондот за меѓународна соработка и развој на Република Кина;
3. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, со Предлог на закон;
4. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за надворешно-трговско работење, со Предлог на закон;
5. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за водите, со Предлог на закон;
6. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за Републичкиот судски совет, со Предлог на закон;
7. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за спортот, со Предлог на закон;
8. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за откуп на побарувањата на правните лица од Република Македонија, од Ирак и Кувајт, од страна на Република Македонија, со Предлог на закон;
9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за укинување на присилна работа, со Предлог на закон;
10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Амандманот кон Монтреалскиот протокол- за супстанците што ја оштетуваат озонската обвивка, усвоен во Монтреал (15 до 17 септември 1997 година), со Предлог на закон;
11. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Израел, со Предлог на закон;
12. Предлог за донесување на закон за Јавното обвинителство;
13. Предлог на одлука за давање согласност на тарифата на Државниот завод за ревизија;
14. Барање за давање на автентично толкување на член 5 од Законот за локалните избори, поднесено од Советот на општина Неготино - Полошко;
15. Предлог за давање на автентично толкување на член 47 точка 1 од Законот за персоналниот данок од доход, поднесено од претпријатието „Руди Комерц" - Скопје;
16. Предлог за давање автентично толкување на член 77 став 1 алинеја 3 од Законот за радиодифузната дејност, поднесено од Јавното претпријатие Македонска радиодифузија - Скопје;
17. Барање за давање на автентично толкување на член 19 став 1 и член 62 став 4 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, поднесено од Независниот синдикат А.Д. Алкалоид - Скопје;
18. Барање за давање на автентично толкување на член 2 од Законот за јавните претпријатија, поднесено од Советот на општина Кавадарци;
19. Предлог за разрешување на судија поротник на Основниот суд во Прилеп;
20. Предлог на одлука за разрешување и избор на членови на Советот за радиодифузија;
21. Предлог на одлука за разрешување и избор на членови на Советот на Народната банка на Република Македонија;
22. Предлог на одлука за основање на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Европскиот парламент;
23. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Природно лекувалиште „Негорски бањи" - Гевгелија;
24. Извештај на Анкетната комисија за испитување на јавните набавки на Собранието на Република Македонија, за испитаните јавни набавки во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Архив на Македонија, Македонска академија на науките и уметностите и Републичкиот завод за судски вештачења, во периодот од 8 јануари 1991 година до 19 ноември 1998 година;
25. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија.
стенографски белешки 025 седница 28.07.1999
стенографски белешки 025 седница 1 продолжение 30.07.1999
стенографски белешки 025 седница 2 продолжение 02.03.2000
стенографски белешки 025 седница 3 продолжение 03.03.2000
стенографски белешки 025 седница 4 продолжение 07.03.2000
стенографски белешки 025 седница 5 продолжение 08.03.2000