Пленарни седници



17 септември 1999 година

Дваесет и седма седница на Собранието на Република Македонија

Дневен   ред:

1. Предлог на закон за ратификација на билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Грција за изградба и управување со  нафтовод;

2. Интерпелација   за  работата   на  министерот   за  образование во  Владата  на   Република  Македонија,   г.  Ненад Новковски;

3. Интерпелација   за  работата  на  министерот   за  култура     во Владата  на  Република  Македонија, г. Димитар Димитров;

4. Предлог   за   донесување  на   закон   за   ратификација   на   Конвенцијата меѓу  Владата   на  Република  Македонија  и  Владата   на   Република Романија  за   соработка   на   полето  на   заштита  на  растенијата   и  карантинот,   со  Предлог   на   закон;

5. Предлог   за  донесување на   закон   за  ратификација   на  Конвенцијата   меѓу  Владата   на   Република   Македонија  и   Владата   на   Република   Романија   за   соработка   на   ветеринарно-санитарно   поле,   со   Предлог   на закон;

6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за техничка соработка, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ослободување  од судски такси на штедилниците врз кои е отворена стечајна постапка „АЛФА С“ а.д. - Скопје, „ЛАФЦИ“ д.о.о. - Охрид и „ТАТ“3 д.о.о. - Би-тола и доверителите на овие штедилници, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите;

9. Предлог за донесување на закон за вработување на инвалиди;

10. Предлог за именување заменик на јавниот обвинител на Република Македонија;

11. Предлог на одлука за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Јапонија;

12. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар - Гевгелија;

13. Предлог на одлука за разрешување и именување заменик-член на Државната комисија за избирачкиот список;

14. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на наградата „Мито Хаџива-силев – Јасмин“;

15. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавната здравствена организација Завод за здравствена заштита - Прилеп.

   
   
стенографски белешки 027 седница 17.09.1999
   
стенографски белешки 027 седница 1 продолжение 23.09.1999
   
стенографски белешки 027 седница 2 продолжение 24.09.1999
   
стенографски белешки 027 седница 3 продолжение 29.09.1999
   
стенографски белешки 027 седница 4 продолжение 27.01.2000
   
стенографски белешки 027 седница 5 продолжение 10.02.2000
   
стенографски белешки 027 седница 6 продолжение 02.03.2000

Click