Пленарни седници



28 декември 1999 година

Триесет и втора седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 1999 година;

2. Предлог на Буџет на Република Македонија за 2000 година;

3. Предлог за донесување на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2000 година, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за ограничување на изворните приходи за финансирање на јавните потреби за 2000 година, со Предлог на закон;

5. Предлог на одлука за целите и задачите на монетарната политика во 2000 година;

6. Предлог на одлука за девизната политика и проекција на платниот биланс на Република Македонија за 2000 година;

7. Предлог за донесување на закон за изменување на Царински закон, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за гарантирање на инвестицијата на стратешки инвеститори и за преземање на одделни побарувања од крајни корисници од страна на Република Македонија, во Стопанска банка АД - Скопје, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска банка за поддршка на развојот, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за банките и штедилниците, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за домување, со Предлог на закон;

14. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на растенијата, со Предлог на закон;

15. Предлог за донесување на закон за ратификација на Трговската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет, со Предлог на закон;

16. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за поттикнување и заемна заштита на инвестициите, со Предлог на закон;

17. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал, со Предлог на закон;

18. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Арапската Република Египет за соработка на полето на борбата против криминалот, со Предлог на закон;

19. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување;

20. Предлог за донесување на закон за поштенски услуги;

21. Предлог за разрешување на судија на Основниот суд Скопје I - Скопје;

22. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Македонски Брод.

   
    
 стенографски белешки 032 седница 26.01.2000
    
 стенографски белешки 032 седница 1 продолжение 29.12.1999
    
 стенографски белешки 032 седница 2 продолжение 26.01.2000
    
 стенографски белешки 032 седница 3 продолжение 27.01.2000

Click