Пленарни седници



18 декември 2000 година

Педесет и деветта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународното здружение за развој по Договорот за кредит за Проектот за преструктуирање на финансискиот сектор и секторот на претпријатијата, со Предлог на закон;

2. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за преструктуирање на финансискиот сектор и на секторот на претпријатијата, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската заедница во износ од 50 милиони евра наменет за поддршка на платниот биланс на Република Македонија, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за изменување на законот за ограничување на изворните приходи за финансирање на јавните потреби за 2000 година, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за гарантирање на инвестицијата на стратешки инвеститори и за преземање на одделни побарувања од крајни корисници од страна на Република Македонија, во Стопанска банка а.д. Скопје, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за гаранција на Република Македонија по Договорите за заем склучени помеѓу Љубљанска банка ДД Љубљана и ЈКП Стандард Дебар и Нова Љубљанска банка ДД Љубљана и ЈП Комуналец Кавадарци, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународното здружение за развој по Договорот за кредит за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за слободни економски зони, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за начинот и постапката за исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија со кредит кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за Проектот „Акциона програма за унапредување на општините и животната средина“ во Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид и Струга, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на хидрометеоролошки работи, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за пратениците, со Предлог на закон;    

14.   Предлог   за  донесување   на   закон   за   ратификација  на Цивилната конвенција за спречување корупција, со Предлог на закон;

15. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против опустинувањето во земјите што се соочуваат со сериозни суши или опустинување, особено во Африка, со Предлог на закон;

16. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата која се однесува на забрана и итно дејствување за елиминирање на најлошите видови детски труд, со Предлог на закон;

17. Предлог за донесување на закон за ратификација на Европската конвенција за заштита на рбетните животни кои се користат за експериментални и други научни цели, со Предлог на закон;

18.   Предлог  за  донесување   на  закон   за   ратификација на Протоколот за менување на Европската конвенција за заштита на рбетниците кои се користат за експериментални и други научни цели, со Предлог на закон;

19.   Предлог   за   донесување   на   закон   за   задолжување   на Република Македонија кај Меѓународниот фонд за развој на земјоделството за реализација на Проектот за финансиски услуги во земјоделството, со Предлог на закон;

20. Предлог за донесување на закон за ратификација на Вториот протокол на Хашката конвенција од 1954 година за заштита на културни добра во случај на вооружен судир, со Предлог на закон;

21. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Молдавија за меѓународен патен превоз на патници и стока, со Предлог на закон;

22.  Предлог   за   донесување   на   закон   за   ратификација   на Мултилатерална   спогодба   за   комерцијални   права   за   нередовен воздушен сообраќај во Европа, со Предлог на закон;

23. Предлог за донесување на закон за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија; 

24. Предлог за избор на судија на Врховниот суд на Република Македонија;

25. Предлог за избор на претседател на Основниот суд во Тетово;

26.  Предлог за избор на судии  поротници  на апелациони и основни судови;

27. Предлог за разрешување на претседател на Основниот суд во Гостивар;

28. Предлог за разрешување на судија на Основниот суд во Струга;

29. Предлог  за  покренување   постапка  за   разрешување  од функција заменик-јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Кавадарци;

30. Предлог за покренување постапка за разрешување од функцијата заменик- јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Охрид; 

31. Предлог на одлука за разрешување и избор на член на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар „БоркаТалески" - Прилеп;

32.    Предлог   на   одлука   за   изменување   на   Одлуката   за разрешување и именување на претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;

33. Предлог на одлука за огласување избор на претседател на Апелациониот суд во Штип;

34.   Предлог   на  одлука  за  огласување   избор   на  судии   на Апелациониот суд во Скопје и на Апелациониот суд во Битола;

35. Предлог   на  одлука  за  огласување   избор   на  судии  на основните судови во Битола, Гевгелија и Кавадарци;

36. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавната здравствена организација Медицински центар - Тетово;

37. Информација за загрозеноста на преку 6000 жители од село Лојане и Ваксинци од загадена вода, воздух, почви и земјоделски производи од опасни геоагенси;

38. Информација за моменталната состојба на Охридското Езеро во врска со неконтролираното и неизмерното испуштање на огромни количества на вода.

стенографски белешки  059 седница 18.12.2000

стенографски белешки  059 седница I продолжение 20.12.2000

Click