Plenarni sednici
 
Пленарни седници


26 декември 2000 година

Шеесет и втора седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на закон за изменување на Законот за државните службеници;

2. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за надворешно-трговското работење, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за ревизијата, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за заштита на посебното природно богатство, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во областа на здравството и медицинските науки, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу  Владата на Република Македонија и Владата на Исламската Република Иран за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за културна, научна и образовна соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Исламската Република Иран, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за воено-техничка соработка, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за безбедност на персоналот на Обединетите нации и на сродниот персонал, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за регистрирање на готовински плаќања;

14. Предлог на одлука за стапките, основиците и висината на придонесите за задолжително здравствено осигурување;

15. Предлог за избор на судија на Апелациониот суд во Скопје;

16. Предлог за избор на судија на Основниот суд во Крива Паланка;

17. Предлог за именување заменик на јавниот обвинител на Република Македонија;

18. Предлог за именување Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство во Куманово;

19. Предлог за именување заменици на јавните обвинители на основните јавни обвинителства во Куманово, Струмица, Штип и Ресен;

20. Предлог за разрешување судија на Основниот суд во Кавадарци;

21. Предлог за разрешување судија на Основниот суд во Гостивар;

22. Предлог за покренување постапка за разрешување од функцијата заменик на Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Велес;

23. Предлог за покренување постапка за разрешување од функцијата заменик на Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Битола;

24. Предлог на одлука за огласување избор на претседател на Основниот суд во Струмица и на Основниот суд во Радовиш;

25. Предлог за разрешување од функцијата судија и претседател на Основниот суд во Прилеп;

26. Предлог на одлука за огласување на избор на претседател на Основниот суд во Прилеп;

27. Предлог на одлука за именување членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом „Нада Михајлова“ - Пробиштип;

28. Предлог на одлука за именување на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом „Прим. д-р Горѓи Гаврилски“ - Свети Николе;

29. Предлог на одлука за именување членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Завод за здравствена заштита - Скопје;

30. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Аптека „30 Ноември" - Дебар.


стенографски белешки  062 седница 26.12.2000

стенографски белешки  062 седница I продолжение 28.12.2000

стенографски белешки  062 седница II продолжение 17.1.2001

стенографски белешки  062 седница III продолжение 18.1. 2001

стенографски белешки  062 седница IV продолжение 6.2.2002

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.