Пленарни седници



18 април 2001 година

Шеесет и деветта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Интерпелација за работата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Стојан Андов;

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон;

3. Предлог на закон за регистирање на готовинските плаќања;

4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва;

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните службеници;

6. Предлог на закон за изменување на Законот за ревизијата;

7. Предлог на закон за акцизи;

8. Предлог на закон за девизното работење;

9. Предлог на закон за платен промет;

10. Предлог на закон за трансформација на Заводот за платен промет;

11. Предлог на закон за податоци во електронски облик и електронски потпис;

12. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија со кредит кај Меѓународната комерцијална банка на Република Кина по Договорот за кредит за реализација на инфраструктурни проекти, со Предлог на закон;

14. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, со Предлог на закон;

15. Предлог  за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, со Предлог на закон;

16. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Маке-днија, со Предлог на закон;

17. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, со Предлог на закон;

18. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри во Босна и Херцеговина за меѓународен патен превоз на патници и стока, со Предлог на закон;

19. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за примена на гаранциите во врска со Договорот за неширење на нуклеарното оружје, со Предлог на закон;

20. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Финска за одбегнување на двојното оданочување по однос на даноците од доход, со Предлог на закон;

21. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина, со Предлог на закон;

22. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија за социјално осигурување, со Предлог на закон;

23. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спо-годбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Исламската Република Иран за взаемно унапредување и заштита на инвестиции, со Предлог на закон;

24. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА државите, Трговскиот договор за земјоделски производи меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација, Протоколот за земјоделство меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка и Протоколот за земјоделство меѓу Република Македонија и Република Исланд, со Предлог на закон;

25. Предлог за донесување на закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност;

26. Предлог за донесување на закон за капитално финансирано пензиско осигурување;

27. Барање за давање на автентично толкување на член 46 став 1 од Законот за локалната самоуправа, поднесено од Советот на општина Велес;

28. Предлог на програма за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2001 година;

29. Предлог на одлука за разрешување од функцијата секретар на Собранието на Република Македонија;

30. Предлог на одлука за разрешување од функцијата заменици на секретарот на Собранието на Република Македонија;

31. Предлог на одлука за разрешување од функцијата републички советници на Собранието на Република Македонија;

32. Предлог на одлука за именување на Генерален секретар на Собранието на Република Македонија;

33. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател и членови на комисиите на Собранието на Република Македонија;

34. Предлог на одлука за изменување на одлуката за избор на претседатели и членови на комисиите на Собранието на Република Македонија;

35. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар - Струга;

36. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Завод за нефрологија - Струга;

37. Предлог за покренување постапка за разрешување од функцијата заменик на јавниот обвинител на Република Македонија;

38. Предлог за покренување постапка за разрешување од функ-цијата заменик на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Делчево;

39. Предлог за покренување постапка за Предлог за избор на судии-поротници во Основниот суд во Гостивар;

40. Предлог за разрешување на судии на Врховниот суд на Република Македонија;

41. Предлог за разрешување на судија на Апелациониот суд во Битола:

42. Предлог на одлука за огласување именување на заменици на Вишиот јавен обвинител во Скопје и Штип;

43. Предлог на одлука за огласување именување на заменици- јавни обвинители во основните јавни обвинителства во Охрид, Велес Кавадарци, Битола и Гевгелија;

44. Предлог на одлука за огласување избор на судија на Врховниот суд во Република Македонија;

45. Извештај за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија во време од 1 јуни 1999 година до 30 јуни 2000 година;

46. Информација за загрозеноста на Република Македонија од зрачењата како резултат на употребата на бомби со осиромашен ураниум за време на косовската криза;

47. Информација на Сојузот на Македонците со исламска религија;

48. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за соработка во областа на образованието и науката, со Предлог на закон;

49. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за соработка во областа на здравството и медицинските науки, со Предлог на закон;

50. Предлог на закон за пратениците;

51. Информација за санирање на економските состојби во текстилниот комбинат „Македонка“ - Штип.


стенографски белешки  069 седница 18.4.2001

стенографски белешки  069 седница I продолжение 19.4.2001

стенографски белешки  069 седница II продолжение 24.4.2001

стенографски белешки  069 седница III продолжение 25.4.2001

стенографски белешки  069 седница IV продолжение 30.5.2001

стенографски белешки  069 седница V продолжение 27.8.2001

Click