Пленарни седници



12 февруари 1997 година

Педесет и деветта седница на Собранието на Република Македониjа

Дневен ред:

1. Предлог на закон за народниот правобранител;

2. Предлог на закон за издавање и тргување со хартии од вредност;

3. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на законот за трговските друштва, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за дополнување на Законот за данокот на промет на производи и услуги, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународниот фонд за развој на земјоделството за реализација на проектот за рурален развој на Јужните и Источните региони, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување закон за ратификација на Спогодбата меѓу македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија, за поттикнување и заемна заштита на инвестициите, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за меѓународен патнички и товарен сообраќај, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување закон за ратификација на Конвенцијата за основање на ЕУРОФИМА, Европската компанија за финансирање на железничкиот возен парк и дополнителниот протокол кон Конвенцијата за основање ЕУРОФИМА, Европска компанија за финансирање на железничкиот возен парк, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Романската Влада за трговска и економска соработка, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната Влада на Сојузна Република Југославија за царинска соработка и взаемна помош, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната Влада на Сојузна Република Југославија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Швајцарскиот федерален Совет за поттикнување и заемна заштита на инвестициите, со Предлог на закон;

14. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска во борбата против меѓународната незаконска трговија со дрога и психотропни супстанци, меѓународниот тероризам и организираниот криминал, со Предлог на закон;

15. Предлог за донесување на закон за државната статистика;

16. Предлог за донесување на закон за враќање на имотите на Македонската православна црква;

17. Предлог на автентично толкување на член 113 став 2 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал ("Службен весник на Република Македонија" број 38/93 и 48/93);

18. Барање за давање автентично толкување на членовите 17 став 2 и 25 од Законот за јавните претпријатија ("Службен весник на Република Македонија" број 38/96), поднесено од Јавното претпријатие Македонски железници;

19. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Јавната здравствена организација Болница за нервни и душевни болести "Бардовци'' - Скопје;

20. Информација за досега преземените мерки како и мерки и активности кои Владата на Република Македонија намерава да ги преземе за сите досегашни случаеви на масовна измама и грабеж на граѓаните под форма на штедење.


стенографски белешки  59 седница 13 февруари 1997

стенографски белешки  59 седница 1 продолжение 19 февруари 1997

стенографски белешки  59 седница 2 продолжение 26 февруари 1997

стенографски белешки  59 седница 3 продолжение 19 март 1997

стенографски белешки  59 седница 4 продолжение 20 март 1997

Click