14 мај 1997 година
Шеесет и седма седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Предлог на закон за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори;
2. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за личните доходи и другите надоместоци на пратениците во Собранието на СР Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, со Предлог на закон;
3. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за заем помеѓу Владата на Република Македонија и Фондот за социјален развој при Советот на Европа, со Предлог на закон;
4. Предлог за донесување на закон за ратификација на Европската конвенција за заштита од мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување и на Протоколот број 1 и Протоколот број 2 кон Конвенцијата, со Предлог на закон;
5. Предлог за донесување на закон за ратификација на Европската повелба за локална самоуправа, со Предлог на закон;
6. Предлог за донесување на закон за ратификација на конвенцијата за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја и за нивно уништување, со Предлог на закон;
7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети меѓу Република Македонија и Република Турција, со Предлог на закон;
8. Предлог за донесување на закон за здруженија на граѓани и фондации;
9. Предлог за донесување на закон за безбедност на сообраќајот на патиштата;
10. Предлог за донесување на закон за извршната постапка;
11. Предлог за донесување на закон за македонски железници;
12. Предлог за донесување на закон за осигурување;
13. Предлог за донесување на закон за водите;
14. Предлог за донесување на закон за вршење занаетчиска дејност;
15. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување;
16. Предлог на одлука за организација и делокруг на Службата на Собранието на Република Македонија;
17. Предлог за избор на судии во Врховниот суд на Република Македонија;
18. Предлог за избор на судии поротници во основннте судови Куманово и Гевгелија.
стенографски белешки 67 седница 14.5.1997
стенографски белешки 67 седница 1 продолжение 21.5.1997