Пленарни седници



17 септември 1997 година

Седумдесет и петта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Интерпелација за работата на членот на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи д-р Томислав Чокревски;

2. Предлог на закон за осигурување;

3. Предлог на закон за изменување на Законот за висината на стапката за затезната камата;

4. Предлог за донесување на закон за отстапување на деловни средства од страна на претпријатијата во кои што Република Македонија и Агенцијата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал имаат акции, односно удели, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за пасиштата, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад и негово складирање, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за соработка на полето на патентите (Договор за соработка) со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за поттикнување и заемна заштита на инвестициите, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Европската конвенција за заштита на дивиот свет и природните живеалишта во Европа, со предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за ратификација на Протоколот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за меѓусебна размена на градежно земјиште за решавање на потребите на дипломатските мисии во главните градови, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за заштита при работа; 

13. Предлог за избор на судии во основните судови;

14. Предлог на одлука за основање на Анкетна комисија за согледување на евентуалните пречекорувања на овластувањата при интервенцијата на полицијата во Гостивар на 9 јули 1997 година;

15. Предлог на одлука за состав на Анкетната комисија за согледување на евентуалните пречекорувања на овластувањата при интервенцијата на полицијата во Гостивар на 9 јули 1997 година;

16. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели и членови на комисиите на Собранието на Република Македонија;

17. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија;

18. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација "Клинички центар"-Скопје;

19. Предлог на одлука за именување претставник на Републиката во Советот на Водостопанското претпријатие "Брегалница"-Кочани.


стенографски белешки  75 седница 17.9.1997

стенографски белешки  75 седница 1 продолжение 18.9.1997

стенографски белешки  75 седница 2 продолжение 24.9.1997

Click