Пленарни седници



25 февруари 1999 година

Единаесетта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на закон за изменување на Законот за издавање и тргување со хартии од вредност;

2. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за надворешно трговско работење, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за заштита и унапредување на животната средина и природата, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за контрола на квалитетот на земјоделските и прехрамбените производи во надворешнотрговскиот промет, со Предлог на закон;

5. Предлог за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија;

6. Предлог на одлука за огласување именување на јавен обвинител на Република Македонија;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на имот, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за поттикнување и заемна заштита на инвестициите меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Холандија, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Украина, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министри на Украина за соработка во областа на образованието, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министрите на Украина за соработка во областа на културата, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министри на Украина, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонската Влада и Белгиската Влада, со Предлог на закон;

14.Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за патен сообраќај меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Белгија, со Предлог на закон;

15.Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонската Влада и Владата на Француската Република за преземање лица со нерегулиран статус, со Предлог на закон;

16.Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Словенија, со Предлог на закон;

17.Предлог за донесување на закон за ратификација на Протоколот кој се однесува на измена и дополнување на Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство, потпишан во Монтреал на 1 октомври 1998 година и Протоколот за автентичен шест јазичен текст на Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство, со Предлог на закон;

18. Барање за давање на автентично толкување на член 101 од Законот за водите ("Службен весник на Република Македонија" број 4/98), поднесено од Електростопанство на Македонија Подружница РЕК Битола-Новаци; Скопје; Свети Николе;

19. Предлог за избор на судија на Апелациониот суд Скопје;

20. Предлог за избор на судија на Основниот суд во Свети Николе;

21. Предлог за избор на судија на Основниот суд Скопје II-Скопје;

22. Предлог за разрешување на судија на Основниот суд во Гостивар;

23. Предлог на одлука за огласување избор на судија на Апелациониот суд во Скопје;

24. Предлог на одлука за огласување избор на судија на Основниот суд Скопје I - Скопје;

25. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Стоматолошки клинички центар - Скопје.

   
   
стенографски белешки 011 седница 25.02.1999

Click