29 декември 1998 година
Шеста седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Предлог на закон за амнестија;
2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва;
3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон;
4. Предлог на закон за изменување на Законот за акцизите;
5. Предлог на одлука за привремено финансирање на функциите на Република Македонија за 19 99 година;
6. Предлог на одлука за избор на претседател и членови на Анкетната комисија за испитување на јавните набавки во министерствата, Владата на Република Македонија и Собранието на Република Македонија;
7. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар Дебар;
8. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација "Нада Михајлова" - Пробиштип;
9. Предлог на одлука за огласување избор на судии на основните судови во Гевгелија и Прилеп;
10. Предлог на одлука за именување на секретар на Собранието на Република Македонија.
стенографски белешки 006 седница 29.12.1998