Пленарни седници



28 јануари 1999 година

Осма седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за донесување на закон за спречување на корупцијата;

2. Предлог за донесување на закон за престанок на важењето на Законот за зголемување на вработувањето, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за Мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа, со Дополнителен протокол, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на науката и технолопиите меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Белорусија, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за уредување на имотно правните односи, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорт меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за соработка во областа на заштитата на растенијата, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонската Влада и Албанската Влада, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на карантинот и заштитата на растенијата, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за меѓусебно признавање на свидетелства, дипломи, квалификации, научни степени и звања стекнати во Република Македонија и Република Турција, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на здравјето на животните, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Турција, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Малезија за поттикнување и реципрочна заштита на инвестиции, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за трговска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Малезија, со Предлог на закон;

14. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Словенија за уредување на меѓусебните имотно-правни односи, со Предлог на закон;

15. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на Анкетна комисија за испитување на јавните набавки на министерствата, Владата и Собранието на Република Македонија;

16. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на Советот за меѓунационални односи;

17. Предлог за разрешување на судија и претседател на Апелациониот суд во Битола;

18. Предлог за разрешување на судија на Апелациониот суд во Скопје;

19. Предлог за разрешување на судија на Основниот суд Скопје I - Скопје;

20. Предлог за разрешување на заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија

21. Предлог на одлука за огласување избор на судија на Апелациониот суд во Битола;

22. Предлог на одлука за разрешување на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија;

23. Предлог на одлука за избор и именување на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија.


стенографски белешки 008 седница 28.01.1999   

стенографски белешки 008 седница 1 продолжение 05.02.1999

Click