Пленарни седници



23 февруари 2000 година

Триесет и петта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2000 година, со Предлог на закон;

2. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Експорт-Импорт Банката на САД по Договорот за заем по проектот за набавка на полициски возила и специјална опрема за безбедност за потребите на Министерството за внатрешни работи, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за начинот на плаќање на заостанатите неизмирени обврски по основ на придонеси од плати и персонален данок од доход, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за платниот промет, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, со Предлог на закон:

6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Вториот дополнителен протокол кон Спогодбата за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за соработка во превенција и борба против прекуграничниот криминал, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за социјално  осигурување меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација, со Предлог на закон;

9. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на Анкетна комисија за испитување на јавните набавки;

10. Барање за давање на автентично толкување на член 5 од Законот за локалните избори, поднесено од Советот на општина Радовиш;

11. Барање за давање на автентично толкување на член 5 од Законот за локалните избори, поднесено од градоначалникот на општина Конче;

12. Барање за давање на автентично толкување на член 47 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, поднесено од Комерцијална банка А.Д. - Скопје;

13. Предлог на одлука за основање Издавачки совет на Собранието на Република Македонија;

14. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател и членови на комисиите на Собранието на Република Македонија;

15. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Европскиот парламент;

16. Предлог на одлука за именување претставници на Републиката во Советот на ООЗТ Институти при Медицински факултет во Скопје;

17. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Психијатриска болница „Скопје“ - Скопје;

18. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Завод за здравствена заштита Битола;

19. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Завод за здравствена заштита Штип;

20. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар Велес;

21. Предлог на одлука за огласување избор на претседател на Врховниот суд на Република Македонија;

22. Предлог на одлука за огласување избор на судија на Врховниот суд на Република Македонија;

23. Предлог на одлука за огласување избор на претседател на Основниот суд во Штип;

24. Предлог на одлука за огласување избор на судии на Основниот суд Скопје I- Скопје и Основниот суд во Штип.


стенографски белешки  035 седница 23.2.2000

стенографски белешки  035 седница I продолжение 24.2.2000

Click