Пленарни седници



30 март 2000 година

Триесет и деветта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за донесување на закон за измена на Законот за гарантирање на инвестицијата на стратешки инвеститори и за преземање на одделни побарувања од крајни корисници од страна на Република Македонија во Стопанска банка а.д. Скопје, со Предлог на закон;

2. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизијата, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за домување, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за телекомуникациите, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за Ратификација на Протоколот за автентичниот петојазичен текст на Конвенцијата за меѓународното цивилно воздухопловство, со Предлог на закон;

7. Барање за давање на автентично толкување на член 45 од Законот за ловство, поднесено од Ловечкото друштво „Еребица" - Скопје;

8. Предлог на одлука за основање на Анкетна комисија за испитување на јавните набавки:

9. Предлог за разрешување заменик на вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Скопје;

10. Предлог на одлука за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на наградата „Климент Охридски";

11. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција;

12. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Ирска;

13. Предлог на одлука за именување републички советници на Собранието на Република Македонија;

14. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Градска аптека „7 Ноември" - Гевгелија;

15. Предлог на одлука за разрешување и избор на член на Советот на Народната банка на Република Македонија;

16. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Републички завод за здравствена заштита - Скопје;

17. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Здравствен дом - Вевчани;

18. Предлог на одлука за огласување избор на претседател на Апелациониот суд во Скопје и претседател на Апелациониот суд во Штип;

19. Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измена на Статутот на Јавната здравствена организација - Специјална болница за ортопедија и трауматологија - Охрид.


стенографски белешки  039 седница 30.3.2000

стенографски белешки  039 седница I продолжение 4.4.2000

стенографски белешки  039 седница II продолжение 16.5.2000

Click