Пленарни седници



12 април 2000 година

Четириесет и втора седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за денационализација, со Предлог на закон;

2. Предлог за донесување на закон за начинот на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за начинот на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската и туристичката дејност, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за акцизи, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита при работа, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Кредитната банка за обнова ("КР\У") за реализација на Проектот за унапредување на микро, мали и средни претпријатија, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај;

9. Предлог за разрешување на судија на Врховниот суд на Република Македонија;

10.Предлог за  избор на претседател на Апелациониот суд во Битола;

11. Предлог за избор на судија на Основниот суд Скопје II- Скопје;

12.Предлог за избор на судии на Основниот суд во Битола;

13.Предлог на одлука за огласување избор на судија на Врховниот суд на Република Македонија;

14.Предлог на одлука за огласување избор на судија на Основниот суд во Кочани;

15.Предлог   за   избор   на   претседател   на   Врховниот   суд   на Република Македонија; 

16.Предлог за престанување на функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија на Маргарита Цаца-Николовска;
17.Предлог на одлука за избор на претседател и членови на Одборот за одбележување на 2000 години од Христијанството;

18.Предлог на одлука за избор на претседател и  членови  на Одборот за одбележување на почеток на третиот милениум;

19.Предлог на одлука за избор на претседател  и членови на Одборот за одбележување на 90-години од раѓањето на мајка
Тереза (26 август 1910 година);

20.Предлог  на одлука за избор на претседател и членови на Одборот    за    одбележување    на     10    години    од    првите
повеќепартиски избори (11 ноември 1990 година);

21. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Здравствената работна организација - Градска општа болница "Моша Пијаде"-Скопје;

22. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација - медицински центар -"Кавадарци" - Кавадарци;

23.Предлог на одлука за именување на републички советници на Собранието на Република Македонија;

24. Информација за програмската ориентација на Македонската радио-телевизија со посебен осврт за застапеноста на програмите на јазиците на националностите;

25. Информација за случајот на војничката патрола кај селото Танушевци и случајот на Џевад Хасани;


стенографски белешки  042 седница 12.4.2000

стенографски белешки  042 седница I продолжение 13.4.2000

стенографски белешки  042 седница II продолжение 14.4.2000

стенографски белешки  042 седница III продолжение 19.4.2000

стенографски белешки  042 седница IV продолжение 20.4.2000

стенографски белешки  042 седница V продолжение 25.4.2000

Click