Пленарни седници



26 април 2000 година

Четириесет и трета седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за донесување на закон за остварување на предвремена пензија, со Предлог на закон;

2. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска Радио-телевизија, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска за соработка во областите образование, наука и култура, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за признавање на статус на правно лице на меѓународни невладини организации, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Шведска, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Норвешка, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Данска за одбегнување на двојното оданочување и за заштита на фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Кралството Данска, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Данска, со Предлог на закон;

11. Предлог на автентично толкување на член 18 од Законот за данокот на промет на производи и услуги;

12. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на Анкетна комисија за испитување на јавните набавки.

13. Предлози за именување заменици на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Скопје;

14. Предлози за именување заменици на јавните обвинители на основните јавни обвинителства во Крива Паланка и Берово;

15. Предлог на одлука за огласување избор на судии на Врховниот суд на Република Македонија;

16. Предлог на одлука за именување претставници на Републиката во Собирот на работните луѓе на Вишата медицинска школа во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски" во Битола;

17. Предлог на одлука за именување на членови на Посебна комисија за изготвување на Предлог за именување на директор на Вишата медицинска школа во Битола при Универзитетот "Св.Климент Охридски" во Битола;

18. Информација за спроведениот референдум за изменување и дополнување на Статутот на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид;

19. Интерпелација за работата на министерот за одбрана во Владата на Република Македонија господин Никола Кљусев.


стенографски белешки  043 седница 26.4.2000

стенографски белешки  043 седница I продолжение 9.5.2000 

стенографски белешки  043 седница II продолжение 16.5.2000

Click