7 јуни 2000 година
Четириесет и деветта седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, со Предлог на закон;
2. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, со Предлог на закон;
3. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација на државниот капитал, со Предлог на закон;
4. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за домување, со Предлог на закон;
5. Предлог за донесување на закон за ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици, со Предлог на закон;
6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Украина за правна помош во граѓанските предмети, со Предлог на закон;
7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Конвенцијата за признавање на статус на правно лице на меѓународни невладини организации, со Предлог на закон;
8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Данска за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал, со Предлог на закон;
9. Барање за давање на автентично толкување на член 15 од Законот за Управата за јавни приходи, поднесено од Здружението на банкарството и осигурувањето при Стопанската комора на Македонија;
10. Предлог на декларација за поддршка на барањето за отворање на паралелка на албански јазик во Гимназијата "Јосип Брзо Тито" во Битола;
11. Предлог за разрешување на судија поротник на Основниот суд во Прилеп;
12. Предлог на одлука за разрешување и именување на членови на Републичката комисија за односи со верските заедници;
13. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на Јавната здравствена организација Душевна болница Демир Хисар;
14. Предлог на одлука за разрешување и именување на член на Одборот за контрола на материјално финансиското работење на Македонската радиотелевизија;
15. Информација за спроведениот референдум за изменување и дополнување на Статутот на Факултетот за туризам и угостителство Охрид;
16. Информација за состојбите со водоснабдувањето на Свети Николе.
стенографски белешки 049 седница 7.6.2000
стенографски белешки 049 седница I продолжение 8.6.2000
стенографски белешки 049 седница II продолжение 13.6.2000