12 септември 1995 година
Дваесет и петта седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Предлог на закон за одликувањата и признанијата на Република Македонија;
2. Предлог на закон за основно образование;
3. Предлог на закон за средно образование;
4. Предлог за донесување на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Холандија за уредување на договорната состојба помеѓу Република Македонија и Кралството Холандија, со Предлог на закон;
5. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за меѓународен патен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, со Предлог на закон;
6. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за научна и технолошка соработка помеѓу Владата на Република Македонија и владата на Народна Република Кина, со Предлог на закон;
7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за туристичка соработка, со Предлог на закон;
8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Турција за одбегнување на двојно оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал, со Предлог на закон;
9. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за задругите, со Предлог на закон;
10. Предлог за донесување на закон за високото образование;
11. Предлог на резолуција за Дојранското Езеро;
12. Барање за давање на автентично толкување на член 49 став 2 од Законот за избор и отповикување на пратеници и одборници („Службен весник на Република Македонија“ број 28/90), поднесено од Истражното одделение на Општинскиот суд Скопје 11 - Скопје;
13. Барање за давање на автентично толкување на член 80 од Законот за процесна постапка („Службен лист на СФРЈ“ број 4/77) и член 1 од Законот за јавното правобранителство („Службен весник на СРМ“ број 9/77) , поднесено од Републичкиот одбор на синдикатот на работниците од управата, правосудството, општествените организации и здруженија на граѓаните на Македонија;
14. Барање за давање на автентично толкување на член 11 од Законот за данокот на промет на производи и услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 34/92 и 3/93), поднесено од Општественото претпријатие „Максигнал“ - Скопје;
15. Барање за давање на автентично толкување на член 14 став 1 точка 3 од Законот за данокот на промет на производи и услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 34/92 и 3/93), поднесено од Претпријатието за внатрешна и надворешна трговија и производство „Бросско“ - Скопје;
16. Барање за давање на автентично толкување, поднесено од Одделението за девизна инспекција при Министерството за финансии;
17. Барање за давање на автентично толкување на член 42 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 36/90), поднесено од А.Д. „Галеб“ - Охрид;
18. Барање за давање на автентично толкување на одредбите на член 15 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, поднесено од Окружниот суд — Скопје;
19. Барање за давање автентично толкување на член 60 од Законот за игри на среќа и забавни игри на автомати („Службен весник на Република Македонија“ број 17/87, 26/87, 51/88, 36/89 и 4/93), поднесено од Хотелско угостителското претпријатие АД „Македонијатурист“ - Скопје;
20. Барање за давање на автентично толкување на членовите 129 и 130 од Законот за банките и штедилниците („Службен весник на Република Македонија“ број 31/93 и 78/93), поднесено од Стопанскиот суд на Македонија;
21. Барање за давање на автентично толкување на член 28 став 1 точка 13 од Законот за царините („Службен весник на Република Македонија“ број 20/93), поднесено од Трговското и надворешно трговското претпријатие „Хромос“ Друштво со ограничена одговорност - Скопје;
22. Барање за давање на автентично толкување на член 1 од Законот за висината на стапката на затезната камата („Службен весник на Република Македонија“ број 65/92 и 70/93), поднесено од ЈП „Електростопанство на Македонија“ со Ц.0. Скопје, погон РЕК „Битола“ Суводол - Битола;
23. Барање за давање на автентично толкување на член 24 од Законот за данок на имот („Службен весник на Република Македонија“ број 80/93), поднесено од ГП „Маврово“ - Скопје;
24. Барање за давање на автентично толкување на членовите 41, 140 и 152 од Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација („Службен лист на СФРЈ“ број 84/89), поднесено од Акционерско друштво во мешовита сопственост за производство и промет со обувки и кожна галантерија „Бебика“ - Охрид и АД „Илинден“ - Охрид;
25. Барање за давање на автентично толкување на член 113 став 1 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал („Службен весник на Република Македонија“ број 38/93), поднесено од Друштвото со ограничена одговорност во мешовита сопственост за трговија „Прехрана“ - Експорт-импорт - Битола и од производствено прометно услужно општествено претпријатие „Славеј“ - Прилеп;
26. Барање за давање на автентично толкување на член 12 став 3,4 и 5 од Законот за сметководство („Службен весник на
Република Македонија“ број 42/93), поднесено од „Центарот за економско-правен консалтинг“ - Скопје;
27. Барање за давање на автентично толкување на член 15 од Законот за данок на промет на производи и услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 34/92, 62/92, 3/93 и 4/93), поднесено од „Економски центар“ - Скопје;
28. Барање за давање автентично толкување на член 21 став 1 од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 29/92, 4/93 и 29/93), поднесено од Народната банка на Република Македонија;
29. Барање за давање на автентично толкување на член 54 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 80/93), поднесено од Основно училиште „Фаик Коница“ с. Дебреше - Гостивар;
30. Барање за давање на автентично толкување на член 147 од Законот за насоченото образование („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 16/85, 2/86, 29/86, 7/88, 18/89, 29/89, 10/90, 12/90, 29/90 и 11/91 и „Службен весник на Република Македонија“ број 40/91 и 14/94), поднесено од Ученичкиот дом „Народен херој Орде Чопела“ - Прилеп;
31. Барање за давање на автентично толкување на членовите 58, 59 и 60 од Законот за општа управна постапка („Службен лист на СФРЈ“ број 47/86), поднесено од Центарот за маркетинг, трговија, кооперација и услуги „Гранди“ - Скопје;
32. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Работната организација за згрижување, воспитание и образование на деца од предучилишна возраст „Весели Цветови“ - Делчево;
33. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Завод за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски заболувања - Отешево.
стенографски белешки 25 седница 12.9.1995
стенографски белешки 25 седница 1 продолжение 13.9.1995
стенографски белешки 25 седница 2 продолжение 20.9.1995
стенографски белешки 25 седница 3 продолжение 21.9.1995
стенографски белешки 25 седница 4 продолжение 14.11.1995
стенографски белешки 25 седница 5 продолжение 15.11.1995