Пленарни седници



2 ноември 1995 година

Дваесет и деветта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за донесување закон за ратификација на Статутот на Советот на Европа, со Предлог на закон;

2. Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија, за 1995 година;

3. Предлог на закон за јавните собири;

4. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за стопанските престапи, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за дополнување на Законот за претпријатијата, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за издавачка дејност, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Турција со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за денационализација;

10. Предлог за донесување на закон за ловот;

11. Предлог на одлука за определување бројот на судиите во апелационите судови;

12. Предлог на одлука за огласување и избор на судии на апелационите судови;

13. Избор на судии на Врховниот суд на Република Македонија;

14. Предлог за разрешување на судија во Општинскиот суд во Струмица;

15. Предлог на одлука за разрешување од функцијата јавен правобранител на град Скопје;

16. Предлог на одлука за разрешување од функцијата заменик на јавен правобранител на град Скопје;

17. Предлог на одлука за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија;

18. Предлог на одлука за изменување на одлуката за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска;

19. Предлог на одлука за изменување на одлуката за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија;

20. Предлог на одлука за избор на членови на Конкурсната комисија за именување индивидуален работоводен орган на Институтот за национална историја - Скопје;

21. Предлог на одлука за избор на членови на Конкурсната комисија за именување индивидуален работоводен орган на Македонската филхармонија;

22. Предлог на одлука за разрешување и именување претставник на Републиката во Советот на Народна и Универзитетска библиотека „Климент Охридски“ - Скопје;

23. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Завод за здравствена заштита
Битола.


стенографски белешки  29 седница 2.11.1995

стенографски белешки  29 седница 1 продолжение 7.11.1995

стенографски белешки  29 седница 2 продолжение 8.11.1995

стенографски белешки  29 седница 3 продолжение 14.11.1995

стенографски белешки  29 седница 4 продолжение 21.11.1995

стенографски белешки  29 седница 5 продолжение 7.11.1995

Click