Пленарни седници



22 ноември 1995 година

Триесетта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за органите на управата, со Предлог на закон;

2. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за надворешно трговско работење, со Предлог на закон;

3. Предлог на одлука за разрешување и именување претседател на Републичката (Државна) изборна комисија;

4. Предлог на одлука за основање Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија;

5. Предлог на одлука за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“;

6. Предлог на одлука за избор на членови на Конкурсната комисија за именување индивидуален работоводен орган на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје;

7. Предлог на одлука за избор на членови на Конкурсната комисија за именување индивидуален работоводен орган на Природно-научниот музеј на Македонија;

8. Предлог на одлука за именување членови на Посебната комисија за именување декан на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола;

9. Информација за досега регулираниот државјански статус и резултати од анкетното истражување;

10. Информација за состојбата на водоснабдувањето на град Титов Велес за состојбата на загаденост на воздухот, почвата, храната и експонираноста на населението на тешки метали по потекло од Топилницата за цинк и олово „Злетово“ во Титов Велес. 


стенографски белешки  30 седница 22.11.1995

стенографски белешки  30 седница 1 продолжение 6.12.1995

Click