13 март 1996 година
Четириесет и прва седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Избор на судии во апелационите судови во Скопје, Битола и Штип;
2. Предлог за разрешување на судија на Општинскиот суд Охрид;
3. Предлог на одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Ветеринарниот институт „Скопје“ - Скопје;
4. Предлог на одлука за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Норвешка, Финска, Шведска, Данска и Исланд;
5. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели и членови на комисиите на Собранието на Република Македонија;
6. Предлог на одлука за разрешување од функцијата претседател на Изборната комисија за изборната единица 49 – Охрид;
7. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за именување претседатели, секретари, членови и нивни заменици на изборните комисии на изборните единици за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.
стенографски белешки 41 седница 13.3.1996