17 јули 1996 година
Педесетта седница на Собранието на Република Македонија
Дневен ред:
1. Интерпелација за работата на членот на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи д-р Томислав Чокревски;
2. Предлог на кривичниот законик;
3. Предлог на закон за царинска тарифа;
4. Предлог на закон за јавните претпријатија;
5. Предлог на закон за приватизација на државниот капитал во
претпријатијата;
6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија;
7. Предлог за донесување на закон за избор на органите на единиците на локалната самоуправа и на Град Скопје;
8. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската и туристичката дејност, со Предлог на закон;
9. Предлог за донесување на закон за прогласување на орнитолошки локалитет „Езерани“ на Преспанското езеро како строг природен резерват, со Предлог на закон;
10. Предлог за донесување на закон за сточарство;
11. Предлог за донесување на закон за стечај;
12. Предлог на одлука за огласување избор на претседатели на основните судови;
13. Избор на судии поротници во апелационите и основните судови;
14. Предлог на одлука за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Саборот на Република Хрватска;
15. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија;
16. Предлог на одлука за разрешување од функција претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата;
17. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Републички завод за трансфузиологија Скопје;
18. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Здравствена станица „Железара“ Скопје;
19. Предлог на одлука за давање согласност на Одлуката за промена на називот на Здравствениот дом „Ростуше“ с. Ростуше;
20. Информација за бројот на граѓаните на Република Македонија за кои се води постапка за стекнување право на државјанство и кои по ниеден основ не можат да добијат државјанство;
21. Информација за остварување на договорите што се потпишани со Северна Рајна Вествалија „за азилантите“;
22. Информација за преземените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за откривање на организаторите и извршителите на атентатот врз претседателот на Република Македонија;
23. Информација за причините за појавата на шап и лигавка во Република Македонија и мерките што ги преземаат надлежните служби за спречување на нивното ширење и за отстранување на последиците;
24. Информација за активностите што Министерството за образование и физичка култура планира да ги преземе за елиминирање на раширената појава на мито и корупција во средните училишта, а особено во гимназијата во Гостивар.
стенографски белешки 50 седница 17.7.1996
стенографски белешки 50 седница 1 продолжение 18.7.1996
стенографски белешки 50 седница 2 продолжение 23.7.1996
стенографски белешки 50 седница 3 продолжение 24.7.1996
стенографски белешки 50 седница 4 продолжение 26.7.1996
стенографски белешки 50 седница 5 продолжение 27.8.1996