Пленарни седници



4 септември 1996 година

Педесет и втора седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Избор на потпретседател на Собранието на Република
Македонија.

2. Предлог на закон за локалните избори.

3. Предлог на закон за наследување;

4. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за научна и технолошка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за јавните патишта, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за набавување, поседување и носење на оружје, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународното здружение за развој, за реализација на Проектот за помош на индивидуалните земјоделци, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за спроведување на територијалната реорганизација на единиците на локалната самоуправа;

9. Предлог за донесување на закон за кривична постапка;

10. Предлог за .донесување на закон за комунални дејности;

11. Предлог за донесување на закон за лековите, помошните лековити средства и медицинските помагала;

12. Предлог за донесување на закон за домување;

13. Барање за давање на автентично толкување на член 131-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за банките и штедилниците („Службен весник на Република Македонија“ број 17/96), поднесено од Комерцијална банка АД - Скопје;

14. Барање за давање на автентично толкување на членовите 38-ѓ, 38-ж и 39-а од Законот за социјална заштита („Службен весник на СРМ“ број 9/78,43/78,35/85 и 17/91 и „Службен весник на Република Македонија“ број 38/91 и 14/95) поднесено од „Компанија ЗИП“ ДОО-Скопје;

15. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Клинички центар - Скопје;

16. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Завод за здравствена заштита - Штип;

17. Информација за актуелните состојби и проблеми во сферата на културата во Република Македонија.


стенографски белешки  52 седница 4.9.1996

стенографски белешки  52 седница 1 продолжение 5.9.1996

стенографски белешки  52 седница 2 продолжение 26.9.1996

Click