УЧЕСТВО НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАТО
Делегација на Собранието на Република Македонија во состав на пратениците: Владо Бучковски, член на Делегацијата во ПС на НАТО и Павле Трајанов, заменик-член ќе учествуваат на Конференцијата на НАТО за градење на интегритетот и на одбранбените институции што ќе се одржи од 25 до 27 февруари 2009 година во Монтери, Калифонија, САД.
Конференцијата е организира во рамките на Евроатланскиот партнерски совет (ЕАПС) и претставува форум за преглед на постигнатиот прогрес и размена на мислења за практичните механизми со цел да се зголеми транспарентноста и да се промовира одговорност во одбраната. Конференцијата претставува подготовка на Самитот на НАТО што ќе се одржи во Стразбург и Келн во април 2009 година.