Буџетски совет на Собранието на Република Македонија
Одлуки
Деловник
Седници
Документи
Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е основан со Одлука за основање на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, донесена на седницата на Собранието одржана на 26 јуни 2008 година ("Службен весник на РМ" бр. 77/2008 година).
Оваа одлука престана да важи со денот на влегувањето во сила на Законот за Собранието на Република Македонија( ‘’Службен весник на Р.М’’ бр.104/2009).
Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 25 август 2008 година донесе Одлука за утврдување на составот на Буџетскиот совет ("Службен весник на РМ" бр. 106/2008). На 24 ноември 2008 година Собранието донесе Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет ("Службен весник на РМ" бр. 147/2008).
Буџетскиот совет на Собранието има претседател, заменик претседател и 9 членови од редот на пратениците на Собранието на Република Македонија.
Претседател: СВЕТЛАНА ЈАКИМОВСКА
Заменик на претседателот: ЈОВАН МАНАСИЈЕВСКИ
Членови: КРСТО МУКОСКИ
ИЛИЈА КИТАНОСКИ
ИВАН СТОИЛКОВИЌ
СИЛВАНА БОНЕВА
ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ
ХИСЕН ЏЕМАИЛИ
МАРЈАНЧО НИКОЛОВ
МИЛЕ АНДОНОВ
БЕСИМ ДОГАНИ
Претседател на Советот е еден од потпретседателите на Собранието, а заменик претседател е претседателот на Комисијата за финансирање и буџет.
На седниците на Буџетскиот совет, без право на одлучување присуствуваат генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и раководителот на Секторот на финансиски и економски прашања на Службата на Собранието.
Надлежности на Буџетскиот совет:
-
утврдува стратешки приоритети на Собранието за наредната година и нивно вклучување во Буџетот на Република Македонија со предлагање на посебни програми и потпрограми.
-
дава упатства и насоки за подготвување на предлогот на буџетските барања и потребите за работа на Собранието.
-
предлага на Владата на Република Македонија во соработка со Министерството за финансии максимален износ на средства за Собранието за наредните три фискални години.
-
го следи извршувањето на расходите во Буџетот на Собранието на Република Македонија и предлага прераспределба на средствата во рамките на одобрените средства со Буџетот на Република Македонија.
-
донесува деловник за својата работа .
-
врши други работи утврдени со закон.
Покрај овие надлежности, Буџетскиот совет утврдува и стратешки приоритети на Собранието на Република Македонија најмалку за наредните три години.