
Лилјана Поповска
Претседател на ДОМ. Родена на 24.5.1956 година во Прилеп. Македонка. Дипломиран инженер технолог, Технолошко-металуршки факултет, Скопје, магистер по технички науки.
Активности во Собранието:
- Совет на Собранискиот канал, заменик-член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, претседател
- Комисија за надворешна политика, член
- Комисија за европски прашања, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји: Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
Е-пошта: l.popovska@sobranie.mk