ЕУ вести

Четврток, 2 јануари 2014 година

Грција – претседавач со ЕУ

Од стартот на новата 2014 година, Грција по петти пат го презеде Претседателството со Европската унија. За време на шестмесечното претседавање на Грција, ќе се одржат и избори на Европскиот парламент.

Приоритети на Грчкото претседателство ќе бидат: економското закрепнување, нови вработувања, економска и социјална кохезија, мобилност на граѓаните на Унијата и европската безбедност, заштита на заедничката валута – евро, градење европска демократија и јакнење на граѓанските права.

На 1 јули Грција ќе ѝ го предаде ротационото претседавање на Италија.

 

Click