ЕУ вести

Среда, 5 февруари 2014 година

Извештајот за Македонија пред Европарламентот

Европскиот парламент вечерва ќе расправа, а утре ќе гласа по Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2013 година, изготвен од известителот за нашата земја, британскиот европратеник, г. Ричард Ховит.

Во резолуцијата, Европарламентот уште еднаш го повикува Советот на Европската унија, без одложување, да одреди датум за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ. Во спротивно, се ризикува предизвикување тензии во земјата, како и загрозување на регионалната стабилност.

Се истакнува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за старт на преговорите, иако треба да се решат пред крајот на процесот за зачленување. Се упатува апел до Грција, во духот на европските вредности, да го искористи претседавањето со Унијата за дополнителен импулс во интегрирањето на нашата земја.

Европарламентот ја повикува Македонија да продолжи со реформите и исполнувањето на условите за пристап во европското семејство.

 

Click