ЕУ вести

Среда, 26 февруари 2014 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент во Стразбур неделава одржува пленарна седница, во чии рамки денеска ќе се дебатира за политичката ситуација во Украина, а утре ќе се гласа по Резолуцијата. Во саботата официјална делегација од дванаесет европратеници отпатува во Киев да се сретне со колеги во Украинскиот парламент и да дискутираат за иднината помош.

На дневен ред на денешната седница ќе се најде и тутунската индустрија, односно обид цигарите да бидат помалку атрактивни за младите луѓе. Ќе се зголеми големината на здравствени предупредувања до 65% од површината на пакетот и ќе се воведе забрана на пакети со помалку од 20 цигари. Е-цигарите ќе бидат регулирани или како лекови или како производи од тутун.

Вчера беше изгласано најсиромашните граѓани на ЕУ да продолжат да добиваат храна, основна материјална и социјална заштита од Фондот за европска помош за најсиромашните за периодот 2014-2020 година, во зголема вредност од 3,5 милијарди евра.

Click