Сабота, 28.02.2009, Париз
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кој учествува на коференцијата на претседателите на државите членки на ЕУ оствари повеќе билатерални средби со своите колеги

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на прием ка францускиот претседател Никола Саркози
Прочитај повеќе
Петок, 27.02. 2009 година, Париз
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во Париз учествува на конференцијата на претседатели на парламентите на Европската Унија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска оствари средба со сенаторот Робер Бадентер. На средбата која помина во пријателска и отворена атмосфера уште еднаш се потврди дека Бадентер е голем пријател на нашата држава и добар познавач на состојбите кај нас и во регионот.
Прочитај повеќе
Четврток,26.02.2009, Скопје
Конференција на претседателите на парламентите на држави членки на Европска унија во Париз
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски попладнево замина во Париз каде што ќе учествува на Конференцијата на претседателите на парламентите на државите членки на Европската унија и државите кандидати.На конфернцијата ,на која ќе се расправа на повеќе теми претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе учествува на панелот "Улога на парламентите во решавање со кризи ".
Во текот на дводневната конференција во Париз претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги претседатели на парламенти на државите членки на ЕУ,а ќе има средба и со Робер Бадентер сенатор во Францускиот сенат.
Прочитај повеќе
Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк (17.02.2009)
Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија во постојан подем

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска оствари средба со претседателот на Република Словенија, г. Данило Тирк. На средбата, и двете страни, билатералната соработка ја оценија како односи на две пријателски држави, без отворени прашања, која ги опфаќаат сите сфери, и која е во постојан подем
Прочитај повеќе
Понеделник, 9 февруари 2009 година, 12 часот, Сала 3
Прес-конференција на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран новиот систем на таканаречениот е- парламент, како и новата веб-страница на Собранието на Република Македонија.
Станува збор за проект со кој Собранието на Република Македонија, како прво во регионот го воведува системот на подготовки и водење на електронски седници.
Прочитај повеќе