Игор Спировски
СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Биографски податоци
Роден е 1960 година во Скопје.
Завршил Правен факултет во Скопје во 1982 година, со положен правосуден испит во 1984 година.
Поранешни функции и работни места
- Работел како стручен соработник во Судот на здружен труд (1983 - 1984),
- Работел како помлад стручен соработник во Уставниот суд на Македонија (1984),
- Унапреден во стручен соработник (1985),
- Именуван во звање виш стручен соработник (1986),
- Именуван во звање советник (1988),
- Именуван во звање виш советник во Уставниот суд на Македонија (1989).
- Секретар на Собранието на Република Македонија во периодот од 22.10.1992 до 04.03.1997 година.
Не бил член на ниту една политичка партија.