IPEX  Меѓупарламентарен размена на ЕУ информации (Interparliamentary EU Information Exchange ) е резултат на препораката од Конференцијата на претседателите на парламентите на земјите членки во ЕУ во Рим (2000). Целта на  IPEX е да се поддржи меѓупарламентарната соработка во Европската унија со овозможување на платформа за електронска размена на информациите поврзани со ЕУ меѓу парламентите. По одредено, целите на IPEX се: 

  • олеснување на размена на ифнормации поврзани со ЕУ меѓу парламентите;
  • овозможување форуми за размена на гледишта во врска со контролата, вклучувајќи ги асппектите на субсидијарност;
  • одржување на Календар на меѓупарламентарните средби.

IPEX е отворен за сите национални парламенти на земјите членки, земји кандидати и земјите во процесот на приближување кон ЕУ.

IPEX  е воден од три принципи:

  • Едноставност: Обновувањето на интернет страницата нема да бара посебни ИТК способности од страна на IPEX коресподентите;
  • Квалитет: Информациите на Интернет страницата точно ќе ги ордазуваат гледиштата на парламентите-учесници;
  • Интегритет: Информациите  за парламентите ке бидат обновувани само од страна на соодветните коресподенти.

Организациона структура

Претседателите на парламентите на земјите членки на ЕУ ги дефинираат целите на IPEX , додека генералните секретари го надлгедуваат проектот и именуваат членови во одборот на IPEX до мандат од една година. Одборот е одговорен за функционирањето на  и ја надгледува работата на Централната поддршка.

Централната поддршка е задолжена за дневното одржување на интернет страницата и мозе да им помага на националните кореспонденти. Централната подршка има четири члена од националните парламенти претставени во Одборот и еден член од Европскиот парламент.

Click