Sluzba na Sobranieto
 
Огласи

Собранието на Република Македонија, врз основа на Законот за волонтерство ("Службен весник на РМ" бр.85/2007 и 161/2008) и Програмата за волонтирање во Собранието на Република Македонија за 2014 година, објавува


ЈАВЕН ПОВИК

за аплицирање на кандидати за волонтирање
во Собранието на Република Македонија



Се повикуваат сите заинтересирани кандидати да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Собранието на Република Македонија, и тоа:

1. Пет (5) волонтери во Службата на Собранието на Република Македонија.

Општи услови/квалификации за кандидатите:
-    да се студенти во завршна година на студирање,
-    да располагаат со способност за успешно комуницирање,
-    способност за добро писмено изразување и истражување,
-    да располагаат со иницијативност, аналитичност и интерактивност.

Специфични услови/квалификации за кандидатите:
-    добро познавање на англискиот јазик и работа со компјутери (MS Office, Word, MS Outlook, Internet) и
-    познавање на општествените (политички, правни, економски и социјални) процеси во земјата.

На јавниот повик може да се пријават лицата кои ги исполнуваат општите и посебните услови, државјани на Република Македонија и странски лица со претходно обезбедена согласност од Министерството за труд и социјална политика и регулиран престој во Република Македонија.

Волонтерската работа ќе се извршува во времетраење од три (3) месеци.

За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи:

  • мотивационо писмо во кое ќе се наведат причините и мотивите за волонтирање;
  • кратка биографија со податоци за контакт: адреса, телефонски број и e-mail;
  • потврда од матичниот факултет за годината на студии кои се посетуваат, со постигнат успех.

Кандидатите потребните документи потребно е да ги достават на следнава адреса:

Собрание на Република Македонија
булевар "11 Октомври" бр.10
1000 Скопје


Напомена:
- доставувањето може да биде лично во Писарницата на Собранието на Република Македонија, или по пошта,
- доставувањето на апликациите на кандидатите за волонтер потребно е да бидат со назнака "За јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Собранието на Република Македонија".

Рокот за доставување на документите е 5 (пет) дена од денот на објавување на јавниот повик во дневниот печат.

Сите кандидати кои во рокот поднеле уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Собранието на Република Македонија.

Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на стручна комисија, а врз основа на следните критериуми:
-    постигнат успех во образованието,
-    општи познавања за работата на Собранието на Република Македонија и општи познавања од областа на правните, економските, општествените и политичките науки.

По завршувањето на постапката за избор на кандидати за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани да започнат со  вршење на волонтерска работа.

Кандидатите се охрабруваат да ја посетат веб-локацијата на Собранието на Република Македонија www.sobranie.mk од каде можат да добијат информации за функциите, надлежностите и работата на Собранието на Република Македонија.

 
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.