Совети

Среда, 23 декември 2015 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА ''РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА РАМКА''

Националниот совет за евроинтеграции на 22 декември 2015 година организираше јавна расправа на тема "Република Македонија во Европската енергетска рамка".

На јавната расправа беа поканети претседателите и членовите на Комисијата за економски прашања, Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РМ и ЕУ, претставници од институции и организации на граѓанското општество кои работат во областа на енергетиката и европските интеграции. Присуствуваа и претставници од амбасадите на земјите-членки на ЕУ во Република Македонија и од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

Свои обраќања имаа: претседателот на Националниот совет за евроинтеграции г-ѓа Лидија Димова, претставниците од Македонската академија за науките и уметностите академик Глигор Каневче и проф. Наташа Марковска, претставникот на Министерството за економија и Државен советник за енергетика и минерални суровини г-ѓа Виолета Кецкаровска, и претставникот од Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” г-ѓа Ана Чоловиќ Лешовска.

На јавната расправа предмет на дебата беше постојната Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот 2008-2010 со визија до 2030 и особено Нацрт-стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија до 2035 година која е подготвена од Македонската академија за науки и уметности. Од страна на претставникот од Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” беше презентиран документ - Анализа на сценаријата за пристапувањето во ЕУ низ призмата на имплементацијата на Стратегијата за енергетика, емисиите и целите утврдени од страна на ЕУ и во другите меѓународни договори.

Со свои мислења, предлози и коментари учествуваа: г-ѓа Солза Грчева пратеник и член на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Лилјана Поповска пратеник и член на Комисијата за надворешна политика, проф.др.Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, г-ѓа Александра Бујароска од Фронт 21/42, г-ѓа Невена Смилевска од ''Еко Свест'', г-ѓа Соња Ристеска од Аналитика, г. Андреја Стојковски од Македонскиот центар за европско образование, г. Александар Дуковски директор на Агенција за енергетика на Република Македонија, г.Александар Гочев од План 4Д и г.Џелал Хоџиќ од граѓанската иницијатива "АМАН".

 
  извештај               стенографски белешки

Click