Совети

Јавна расправа по Предлогот на законот за меѓуопштинска соработка, во организација на Националниот совет за евроинтеграции и Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија.

19 мај (вторник) 2009 година, во 14,30 часот, Собранието на Република Македонија - сала “Борис Трајковски“.

Националниот совет за евроинтеграции на 19 мај 2009 година, заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија организираа јавна расправа по Предлог-законот за меѓуопштинска соработка.

На јавната расправа учествуваа членови на Националниот совет за евроинтеграции,министерот за локална самоуправа Муса Џафери, претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа Коце Трајановски, пратеници во Собранието на Република Македонија, градоначалниците на општините Прилеп, Битола, Велес, Тетово, Кавадарци, Арачиново, Брвеница и Старо Нагоричане, претставници од општините Центар, Охрид, Куманово, Неготино и Бутел, претставници од Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, од ОБСЕ, НВО Инфоцентар, Граѓанска асоцијација Мост, Фондација Институт отворено општество.

Јавната расправа претставуваше можност заинтересираните субјекти да ги изнесат согледувањата за состојбата во Република Македонија во областа на меѓуопштинската соработка.

На јавната расправа беа изнесени предлози и забелешки за подобрување на одредбите на Предлогот на законот и во насока на обезбедување на поквалитетно и поефикасно остварување на заедничките интереси и заедничките работи од надлежност на општините како и подобрување на условите за меѓуопштинска соработка.

покана Предлог на закон за меѓуопштинска соработказаклучоцистенографски белешки

Click