Јавна расправа во организација на Националниот совет за евроинтеграции по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници
27 август (четврток) 2009 година, во 11.00 часот, Собранието на Република Македонија - сала “Борис Трајковски“.
Националниот совет за евроинтеграции на 27 август 2009 година организираше Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници.
Образложение за причините за донесување на измените и дополнувањата на Законот даде министерот за правда Михајло Маневски.
Јавната расправа претставуваше можност заинтересираните субјекти да ги претстават согледувањата за состојбата во Република Македонија во областа на државната администрација како и по однос на текстот на одредбите од Предлогот на законот.
На јавната расправа со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа Радмила Шекеринска претседател на Националниот совет за евроинтеграции, проф. д-р Борче Давитковски, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Васко Наумовски, потпретседателот на Советот Силвана Бонева, Кенан Хасипи член на Советот, проф. д-р Мерсел Биљали, проф. д-р Ана Павловска Данева, проф. д-р Темелко Ристовски, Методија Димовски генерален секретар на Агенцијата за државни службеници, Лилјана Поповска, Владо Бучковски и Васко Шутаров пратеници во Собранието, Лидија Димова претставник на Македонскиот центар за европско образование, Милан Живковиќ претставник на Сојузот на синдикатите на Македонија и Зоран Ангеловски претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
покана
Предлог-закон
заклучоци
стенографски белешки