ЕУ вести

Вторник, 21 јули 2009 година, Брисел

Европската комисија одобри 70 милиони евра за Инвестициониот фонд за земјите соседи

Инвестициониот фонд за земјите соседи (NIF), кој е клучен инструмент за интензивирање на Европската политика на добрососедство (ENP), во 2009 година ќе добие 70 милиони евра помош од Европската комисија. Тие ресурси ќе им овозможат на соседните земји-партнери да го зголемат финансирањето во големите инвестициски проекти во области како енергетиката, транспортот и околината, а исто така и во развојот на малите и средните претпријатија во социјалниот сектор.

Комисијата има намера да одвои 700 милиони евра за NIF во периодот 2007-2013 година. Досега беа одобрени 170 милиони евра за финансирање на одбрани проекти - по 50 милиони во 2007 и 2008 година и 70 милиони годинава.

„Ние сме охрабрени од позитивните резултати, постигнати преку NIF. Оваа година значителното зголемување на NIF дополнително ја нагласува нашата ангажираност во поддршката на соседите за реформа во клучните сектори. Учеството на двете дополнителни финансиски институции за развој на нашите земји-членки во механизмите на NIF, дополнително ја истакнуваат неговата улога како катализатор на координирано финансирање на ЕУ. Среќна сум што гледам дека за време на првата година од постоењето, самиот NIF одобри 15 проекти од клучно значење за подобрување на основните инфраструктури, како вода, здравство и градски транспорт“, изјави комесарот за надворешни работи и ENP, Бенита Фереро-Валднер.

Со официјален старт во мај 2008 година, NIF е создаден под закрила на комесарот Фереро-Валднер, со цел зајакнување на општеството и на земјите-членки со поддршка за кредитирање на операциите изведени од европските мултиратерални и билатерални институции за финансиски развој во земјите-партнери на ENP.

NIF операциите се насочени кон земјите кои веќе потпишаа Акционен план на ENP со ЕУ, односно Ерменија, Азербејџан, Египет, Грузија, Јордан, Либан, Молдавија, Мароко, окупираните палестински територии, Тунис и Украина.

И други соседни земји исто така можат да добијат помош од NIF, посебно кога станува збор за проекти од прекуграничен или регионален карактер, за кои ЕУ има посебен интерес.
Click