Четврток, 9 јули 2009 година
Европската комисија повика на масовна забрана за пушење на јавни места
Европската комисија повика цела Европска унија да се вклучи во масовна забрана за пушење на јавни места од 2012 година. Моментално сите земји-членки на ЕУ имаат одредби за заштита на непушачите кои се изложени на штетното дејство на димот од цигарите, но правилата варираат од земја во земја.
Во Велика Британија и Ирска има најстроги закони со потполна забрана за пушење во затворени работни и јавни места, вклучително и ресторани и барови.
Грција, Италија, Малта, Шведска, Летонија, Финска, Словенија, Франција и Холандија имаат „smoke-free“ закони, со кои се дозволува пушење во посебни простории.
Комисијата предлага да се изготви еден закон за сите 27 земји-членки на Унијата, со цел построго да се регулира пушењето во јавните простории и работните места.
И со пасивно пушење, димот придонесува болести на срцето и рак на белите дробови, а пушењето е водечки причинител на смртни случаи во ЕУ.
Како дел од новата кампања против пушењето, ЕУ ги повикува луѓето преку закачување клипови на интернет да покажат како ја искорениле навиката за пушење цигари.