Четврток, 30 јули 2009 година
Европската комисија усвои Извештај за искоренување на дискриминацијата
Законодавството на Европската унија има корист од проширувањето на заштитата од полова дискриминација, како и од појаснувањето на дефиницијата за дискриминација, се вели во Извештајот на Европската комисија кој беше усвоен вчера. Извештајот ги посочува основните проблеми и добри практики во имплементацијата на Директивата 2002/73/ЕО, којашто има за цел да промовира еднаков третман на мажите и жените во однос на пристапот до вработувањето, професионалната обука и промоција, како и работните услови.
„Учеството на сите актери - властите, социјалните партнери, невладините организации, органите и рамноправноста во целото општество - е од суштествено значење за ефективно користење на инструментите предвидени во Директивата за искоренување на дискриминацијата. Во актуелната економска криза поважно од било кога е да се искористи сиот расположив човечки потенцијал во опшеството“, изјави г-дин Владимир Шпидла, комесар за вработување, социјални прашања и еднакви можности.
Имплементацијата на Директивата генерално е задоволителна, иако сите земји немаат донесено правила во склад со барањата на ЕУ.