ЕУ вести



Среда, 15 јули 2009 година

Избрани 14 нови потпретседатели на Европарламентот

Откако го избраа новиот претседател на Европскиот парламент (г-дин Јержи Бузек), европратениците на Конститутивната седница во Стразбур ги одбраа и четиринаесетте потпретседатели.

Во првиот круг на гласање беа избрани само тројца, во вториот круг немаше мнозинство, па останатите единаесет беа изгласани во третиот круг. Шест од 14-те заменик-претседатели се жени.

Првите тројца потпретседатели кои беа избрани се Џовани Питела со 360 гласа, Роди Краца-Цагарополу со 355 гласа и Ставрос Ламбринидис со 348 гласа.

Новите 14 потпретседатели на ЕП се:

  1. Џовани Питела од Италија (Партија на социјалистите и демократите) - 360 гласа;
  2. Роди Краца-Цагарополу од Грција (Европска народна партија -Демохристијани и европски демократи) - 355 гласа;
  3. Ставрос Ламбринидис  од Грција (Партија на социјалистите и демократите) - 348 гласа;
  4. Анхел Мигуел Мартинес Мартинес од Шпанија (Партија на социјалистите и демократите) - 327 гласа;
  5. Алехо Видал-Квадрас од Шпанија (Европска народна партија -Демохристијани и европски демократи) - 308 гласа;
  6. Дагмар Рот-Бехрент од Данска (Партија на социјалистите и демократите) - 287 гласа;
  7. Либор Роучек од Чешка (Партија на социјалистите и демократите) - 278 гласа;
  8. Изабел Дуран од Белгија (Партија на Зелените и Европската слободна алијанса) - 276 гласа;
  9. Роберта Анџелини од Италија (Европска народна партија -Демохристијани и европски демократи) - 274 гласа;
  10. Дијана Волис од Велика Британија (Партија на европските либерали и демократи) - 272 гласа;
  11. Пол Шмит од Унгарија (Европска народна партија - Демохристијани и европски демократи) - 257 гласа;
  12. Едвард Мекмилан од Велика Британија (Партија на конзервативците и реформистите) - 244 гласа;
  13. Рајнер Виланд од Данска (Европска народна партија - Демохристијани и европски демократи) - 237 гласа;
  14. Силвана Кош-Мехрин од Данска (Партија на европските либерали и демократи) - 186 гласа.

Денеска премиерот на Шведска, г-дин Фредрик Рејнфелд, ќе ја претстави шестмесечна програма на шведското председателство со Европската унија, а европратениците ќе расправаат и за ситуацијата во Иран, Кина и Хондурас.

Утре ќе се изберат претседатели на парламентарните комисии, коишто ќе играат клучна улога во процесот на изменување на законодавството во наредните години.





Click