Среда, 29 јули 2009 година, ГетеборгКонференција за креативност и културни навики на децата и младите
На 29 и 30 јули во Гетеборг, во рамките на Европската година на креативност и иновации, ќе се одржи Конференција за креативност и културни навики на децата и младите, на која ќе присуствуваат 350 експерти и учесници од целата Европска унија. Целта на Конференцијата е да се поттикне размена на искуства и знаења за тоа како јавните инвестиции можат да помогнат да се добие сигурност дека правото на културата за децата и младите во сите форми е загарантирано.
На четирите семинари, учесниците ќе расправаат за различни аспекти од секојдневниот живот на децата и младите, како на пример дигиталната комуникација.
Меѓу прашањата коишто ќе бидат разговарани на семинарите, се како на децата и младите да им се зајакне правото на културата и како традиционалните културни институции да најдат начин да останат атрактивни и достапни за новите генерации.