Четврток, 9 јули 2009 година, Лисабон
Советот на Европа во кампања против дискриминацијата
„Да се зборува против дискриминацијата“ е мотото под кое Советот на Европа и Високата комисија за имиграција и меѓународен дијалог во Португалија (ACIDI) денеска ја покренаа кампањата во Лисабон, Португалија. Целта е подигање на јавната свест и осудување на разни аспекти на дискриминацијата, која произлегува врз основа на расистички ставови и предрасуди, посебно оние со исламофобска, антисемитска и антиромска позадина.
Оваа кампања настојува да ги припреми новинарите за работа во мултикултурна Европа и промоција на добра пракса во известувањето на меѓукултурни и важни прашања за дискриминацијата.
Во Барселона, Париз, Мадрид, Милано и Рим кампањата е веќе покрената и ќе продолжи да тече секаде во Европа во текот на 2009 година.
Освен билборд-кампањата, предвидени се разни активности за 2009 година, како ТВ спот, семинари за новинари и летна школа, а во новинарската обука ќе биде вклучен и прирачник за добра практика за полесен пристап на малцинствата до медиумите.