ЕУ вести



Вторник, 30 јуни 2009 година, Совет на Европа

Паневропска кампања против дискриминацијата

Советот на Европа во Мадрид ја започна новата паневропска кампања против дискриминацијата. Шпанската метропола дава силна поддршка на кампањата и придонесува со поставување на плакати на видливи места низ целиот град. Под мотото „Да се зборува против дискриминацијата“, кампањата е насочена кон широката јавност.

Таа се фокусира на подигнување на свеста и осуда на дискриминацијата и има за цел:

  • да ја подигне јавната свест против дискриминацијата;
  • да ги информира медиумите за меѓукултурните прашања и за анти-дискриминационите механизми и да ги поттикне да ги шират тие информации во јавноста;
  • да ги подготви новинарите за работа во мултикултурна Европа и да ги поттикне на добра практика во известувањето за меѓукултурните и дискриминационите прашања;
  • да ја истакне различноста на европските општества преку силна поддршка на застапеноста на малцинствата во медиумите.

Кампањата веќе започна и во Барселона, Париз, Милано и Рим, а во текот на 2009 година ќе продолжи низ цела Европа.

Покрај билборд-кампањата, се планирани уште ТВ-спот, семинари за новинари и летно училиште, а во новинарската обука ќе биде вклучен и прирачник за добра практика за полесен пристап на малцинствата до медиумите.



Click