Активности



Среда, 17 јуни 2009 година

Кој ќе биде новиот претседател на Европарламентот?

Првата задача за членовите на Европскиот парламент на 14 јули ќе биде да изберат нов претседател, кој ќе биде нивното лице во јавноста. Политичките партии сè уште не излегле со официјални имиња, но во нивните редови веќе кружат неколку потенцијални наследници на г-дин Ханс-Герт Петеринг.

Претседателот на Европарламентот, за својот 2,5-годишен мандат, има задача да претседава со пленарните седници на Парламентот во Брисел и Стразбур и да даде воведен говор на отворањето на истите. Сепак, неговата клучна улога е претставувањето на Парламентот во Советот на Европа, кога четирипати годишно се сретнуваат лидерите на сите 27 земји-членки на Европската унија.

Надворешно, првиот човек на Парламентот го застапува истиот по сите правни прашања, како на пример потпишувањето договори на Европската унија. Тој исто така го претставува ЕП на меѓународната сцена и извршува службена посета во и надвор од Унијата. Претседателот е одговорен и за потпишувањето на буџетот на ЕУ.

Во новиот Европарламент има 7 политички групи, но по неодамнешните избори сè уште има простор за создавање нови или за нивно преформирање. Лидерската тројка на новоизбраниот состав од 776 пратеници ја сочинуваат централно десничарската партија со 264 пратеници, социјалистите со 161 парламентарно место и либералите со 80 членови. Сепак, овие бројки можат и да се променат, со оглед на 93-те независни пратеници кои можат да се присоединат кон некоја партија. Согласно правилата на Парламентот, најмалку 25 членови од минимум 7 држави се неопходни за формирање партија.

На крајот од целиот процес, Европскиот парламент ќе добие нов претседател, 14 потпретседатели, 6 квестори, како и претседатели на парламентарните комисии и на делегациите за меѓупарламентарни односи со земјите кои не се дел од ЕУ.

Click