Либерална партија


2002 - 2006



 

 

ЗОРАН КРСТЕВСКИ

 

 


 

Роден е 1960 година во Скопје. Македонец.



      
 

ЉУПЧЕ МЕШКОВ

 

 

 

  


Член на ЛП Роден 1948 година во Скопје, РМ. Македонец. Има високо образование. Од мај 1973 е вработен во фондот на ПИОМ, со прекин од четири месеци, кога извршува должност на секретар на Секретаријатот за организација и прописи во Собранието на Скопје. Од декември 2000 година, директор на Фондот. Добро зборува англиски јазик. Живее во Скопје



      
 

МИЛКА МИТКОВСКА

 

 

 

  



      
 

РИСТАНА ЛАЛЧЕВСКА

 

 

 

  


   Член на ЛП. Родена 1963 година во Охрид, Р.Македонија. Македонка. Завршила Правен факултет. Работела како дел од истражувачкиот тим на "Брима" и како референт по право во Фондот на ПИОМ, ПЕ - Охрид. . Член на ОО на ЛП и член на ИО на ЛИПАЖ. Се служи со англиски јазик. Живее во Охрид.



                                                                                                                      

                                                        СТОЈАН АНДОВ 
  
 


     
 

 

 
   
   Роден е 1935 година во Кавадарци, Република Македонија; Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет;
     
  
   Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.); Се смета за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија; - Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година). - Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект; - По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет; - Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала.
     
  
   - На првите повеќе-партиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година; - На вторите повеќе-партиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година; - Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на последните избори (1998 година); - Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија; - Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година; - На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија.
     

Click