Понеделник, 4 мај 2009 година, Стразбур
Пленарна седница на Европскиот парламент
Од 4 до 7 мај во Стразбур ќе се одржи Пленарна седница на Европскиот парламент, на која европратениците, меѓу другото, ќе дебатираат и за Предлогот за продолжување на породилното отсуство на мајките од 20 седмици, но и за воведување отсуство од две седмици за татковците. Европратениците бараат минимум 20 седмици отсуство за мајките по раѓањето, од кои во првите шест тие ќе добиваат 100% од платата, а минимум 85% во останатиот дел од отсуството.
На дневниот ред на Европскиот парламент ќе стане збор и за актуелната опасност од свинскиот грип и изнаоѓање начини за спречување на неговото ширење.
Во текот на седницата во Стразбур, европратениците ќе разговараат и за приспособување на глобализацијата во ситуација на економска и финансиска криза.
На дебата ќе се најдат и постепеното укинување на смртната казна, правата на жените и децата, борбата со тероризмот и имиграцијата и уште неколку други теми.