Вторник, 26 мај 2009 година
Седум политички групи во Европарламентот
Во пресрет на европските избори, пратениците во Европскиот парламент се поделија во седум групи, не по национална, туку по политичка припадност. Групите се состојат од членови од различни земји-членки, кои делат исти идеолошки принципи и политички позиции.
Седумте политички групи се:
- Европска народна партија (Христијански демократи) и Европски демократи
- Група на социјалистите во Европскиот парламент
- Алијанса на либералите и демократите за Европа
- Сојуз на нациите за Европа
- Зелена/Европска слободна алијанса
- Конфедеративна група на Европската обединета левица - Северна зелена левица
- Група Независност и демократија
Има и неколку европратеници, кои не припаѓаат на ниедна политичка група, односно се независни.