ЕУ вести



Вторник, 12 мај 2009 година

Започна кампањата за европските избори

На речиси еден месец пред европските избори 2009-2014 година, со мотото „Вие решавате какви ќе бидат утрешните вести!“, започна кампањата на Европскиот Парламент. Годинешните избори за Европарламентот се закажани за 7 јуни, кога 375 милиони граѓани на Стариот континент ќе можат да го остварат своето право да ги изберат идните 736 европратеници.

Европскиот парламент е единствениот орган на Европската унија, избран преку избори. Неговите членови се избираат на секои пет години во 27-те земји-членки на Европската унија.

Кампањата за претстојните избори стартуваше со прикажување видео клип на Европарламентот на 34 јазични верзии, со цел да се зголеми информираноста на граѓаните, односно гласачката маса, и да се покаже зошто изборите имат значајна улога во животот на секој европски граѓанин.

Комуникациската кампања на Европарламентот за изборите се вклучи во глобалната мрежа. Ставени се специјализирани страници и профили на Парламентот во социјалните мрежи, вклучително MySpace, Facebook, YouTube и Flickr.

Click